skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Судбината ги споила: Eве кои српски пејачи се во брак со свои фанови (ФОТО)

Судбината ги споила: Eве кои српски пејачи се во брак со свои фанови (ФОТО)
  • 17.12.2018

На српската естрада има многу парови кои пред да стапнат на лудиот камен некогаш својот партнер го гледале на екраните. Многу српски пејачки имаат мажи кои и некогаш чувале постери од нив во својата соба.

Стефан Џуриќ Раста уште како мало дете беше опседнат со преубавата Ана Николиќ, за што кажуваат и неговите песни кои ги извади уште на самиот почеток од неговата кариера. Една од нив е песната „Боинг“ во дует со Јала Брат и Буба Корели уште од 2014 година, каде во еден стих се пее „малата е авион, така не може никој да ме дигне, милион долари, како да ја е*** Ана Николиќ“.

Раперот ја запозна пејачката во 2016 година, кога таа го ангажираше него да ѝ напише песна за новиот албум, а во текот на нивната соработка во студиото започнаа искрите, каде по тоа влегоа во врска, за во јули истата година да влезат во брак. По година дена станаа родители на ќерката Тара, а пред неколку месеци по втор пат одлучија дека се разведуваат.

Јелена Карлеуша го запозна Душко Тошиќ во 2006 година, така што тој ја покани на пијачка. Карлеуша ја прифатила поканата, иако не знаела ништо за него.

„Тој беше многу упорен. Прво згрешив за него, а потоа го изгуглав неговото име да видам колку година има. Тогаш имаше 21 година и јас му реков: „Дечко сега ти ќе мора да се земеш со мене, затоа што оваа брука мора да се оправда“. Душко сега има милиони, а тогаш кога имал 16 години немал ништо. Еднаш од неговите пријатели дознав дека цела негова соба била со мои постери. На крај тој се ожени со жената од постерите и ѝ направи две деца“, изјави Јелена за српскиот магазин „Ало!“.

Слична судбина како Јелена Карлеуша имаше и Гоца Тржан. Нејзината поранешна љубов Иван Маринковиќ ѝ изјавил љубов уште во 2001 година кога се сретнале во некој салон. Ѝ пријде, се претстави како нејзин обожавател и ѝ рече дека е заљубен во неа, но Гоца само му напиша автограм и го откач, мислејќи дека Маринковиќ е само уште еден во низата нејзини обожаватели.

Ситуацијата потполно се промени во 2006 година, кога Гоца повторно го сретнала Иван. Толку се заљубила во него да преку нејзини пријатели дојде до неговиот број и почнале да се гледаат. Тие се венчаа во 2007 година, ја добија ќерката Лена, а разводот следуваше во 2011 година. Во меѓувреме, Гоца се омажи за Радомир Раша Новаковиќ, својот тапанар, а Маринковиќ стана најпознат поранешен сопруг во Србија и учесник во реалити шоуа.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top