skip to Main Content

СПОРЕД ЈУТЈУБ: Новата песна на Лозано веќе неколку дена е најгледано видео во земјава

СПОРЕД ЈУТЈУБ: Новата песна на Лозано веќе неколку дена е најгледано видео во земјава
  • 06.04.2018

Дефинитивно нашиот најдобар машки вокал, Влатко Лозаноски – Лозано направи „бум“ со неговиот последен објавен хит „Километри“.  Веќе неколку дена по ред, видеоспотот е на првото место според најгледани видеа на Јутјуб во Македонија и има 150.000 прегледи.

Исто така, новата песна е апсолутен хит и на речиси сите радиостаници во земјава, а на телевизијата „1ТВ“ е прогласена за хит на неделата.

Уживајте:

Back To Top