skip to Main Content

Сораја прави „каша – попара“ и во Русија

Сораја прави „каша – попара“ и во Русија
  • 27.09.2019

Сораја, старлетата која според Инстаграм фотографиите води гламурозен и луксузен живот го крие својот љубовен живот. Скоро на сите фотографии таа позира сама, на луксузни дестинации, облечена од глава до петици во најскапи модни парчиња.

Но нејзината пријателка Ана Корач, неодамна објави фотографија која ја заинтригира јавноста.

Конечно да го запознаат зетот, напиша Корач под фотографијата на 39 годишниот Курбан Омаров. Омаров е познат руски бизнисмен и блогер, пренесуваат српските медиуми. Сопственик е на неколку компании, основач на популарен Јутјуб канал каде што се емитувало и неговото реално шоу, а се вбројува во триесетте најпознати руски блогери на Инстаграм.

Со неговата биографија Сораја секако би можела да се гордее и да се фали, но постои еден детал со кој приказната за принцот на бел коњ паѓа во вода. Богатиот Русин има син и три ќерки, зад себе има еден пропаднат брак, а во 2015 година се оженил со познатата руска ТВ водителка и глумица Ксенија Бородина, со која според мноштвото заеднички фотографии на друштвените мрежи, има идиличен брак.

Back To Top