skip to Main Content

Симона: „Сакам да ме чешкаат“

Симона: „Сакам да ме чешкаат“
  • 25.09.2019

Македонската пејачка Симона Попоска, покрај естрадната кариера студираше медицина и стана лекар, иако белиот мантил го носи само во еден од најпознатите центри за убавина, каде во моментов работи.

Она што и се случува и што го нуди на естрадната сцената на сите кои ја следат истата им е веќе познато. Како изгледа згодната и атрактивна докторка и во бел мантил и откако ќе го соблече, исто така не е непознато.

Но, нејзиниот приватен живот како малку да е ставен настрана од јавноста, што можеби и е природно за познатите личности, особено естрадните, на кои добар дел од  животот ионака им е доволно јавен, па веројатно сакаат да сочуваат едно парче од својата интима само за себе и најблиските.

Затоа секоја коцка од „интимниот мозаик“ на познатите која луѓето ќе успеат да ја откријат, им е многу интересна, па така е и со животот на сексапилната пејачка и докторка.

Сепак, неодамна Симона Попоска преку “Слободен печат“ на јавноста реши да и открие барем пет коцкички од својот „интимен животен мозаик“. Пет нешта кои јавноста за неа не ги знаеше.Затоа читајте внимателно Д-р Симона Попоска има нешто да ви каже:

1.Ретко кој знае дека свирам на виолина

2.Мразам брзо возење

3.И во лето спијам со чорапи на мене

4.Сакам кога ме чешкаат

5.Важам за човек кој секогаш доцни, но веќе го поправив тоа, па ете,  на тие што ме знаат и ќе прочитаат, можеби ќе им биде чудно (ха,ха, ха…).

Back To Top