skip to Main Content

Сериозни проблеми на врата: Познатиот актер не може да плати алиментација за своите деца (ФОТО)

Сериозни проблеми на врата: Познатиот актер не може да плати алиментација за своите деца (ФОТО)
  • 06.08.2018

Ѕвездата на серијата „Два и пол мажи“ е во големи роблеми. Имено, познатиот актер Чарли Шин не може да плати алиментација за своите четири деца.

Како што пишуваат странските медиуми, Чарли се обрати на суд за сето ова, испраќајќи барање за модификација на плаќањата.

Чарли се најде на „црната листа на многу аспекти од забавата индустрија“ и поради тоа не може да најде постојана работа која ќе му обезбеди финансиски средства за да ја плати алиментацијата.

Актерот во неколку наврати изјави дека има значително намалување на приходите и дека е во финансиска криза. Човекот околу кој некогаш режисерите се тепаа,  денес е „тежок“ за помалку од 10 милиони долари, што дури сега не може ни да ги исплати долговите кон поранешните свршеници.

Имено, Чарли Шин со актерката Денис Ричардс го има синот Сем и ќерката Лола, а со актерката Брук Милер синовите Макс и Боб. Поради расправија со продуцентот Чак Лох беше отпуштен од ангажманот за серијата „Два и пол мажи“, а во 2015 година објави дека е ХИВ позитивен.

Back To Top