skip to Main Content

Роберт Саздов сведочеше во судот во Солун за случајот со Панки, Ексклузив ги има деталите (ВИДЕО)

Роберт Саздов сведочеше во судот во Солун за случајот со Панки, Ексклузив ги има деталите (ВИДЕО)
  • 04.04.2019

Сашо Каимовски или познат како Панки од дуото „Куку Леле“, пред десетина дена беше уапсен на граничниот премин Евзони при обид да влезе кај нашиот јужен сосед.

Причината за апсењето е веќе позната. Пред точно 13 години германските власти распишаа европска потерница за Каимовски за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.

Панки цели 13 години ја немаше напуштено Македонија, знаејќи дека ако стапне на тлото на друга земја веднаш ќе биде уапсен.

Познатиот пејач веќе се наоѓа во притвор во Солун, а во понеделникот на 1-ви април беше првото судење, на кое како сведок се појавил Роберт Саздов!

Адвокатскиот тим на Каимовски инсистирал Саздов лично да се дојде во судот во Солун за да им докаже на грчките власти дека Панки е многу познат пејач во нашата земја со долгогодишна кариера и дека нема никаква поврзаност со било какви банкомати или слично.

Повеќе дознајте од прилогот:

Back To Top