skip to Main Content

Принцот Хари и Меган Маркл сакаат донации наместо свадбен подарок

Принцот Хари и Меган Маркл сакаат донации наместо свадбен подарок
  • 09.04.2018

Британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркл ги замолиле сите гости да им уплатат донација наместо да им испратат свадбен подарок. Двојката ќе се венча во замокот Виндзор на 19 мај.

Принцот Хари и Маркл одбраа седум хуманитарни организации со кои не се директно поврзани, а меѓу нив се Детското ХИВ здружение, Фондацијата Мина Махила која им помага на жените во сиромашните делови на Мумбај, Кризната организација за бездомници и Малите војници на Скот, кои ги поддржуваат децата што ги загубиле своите родители во британската војска.

Back To Top