skip to Main Content

Прва фотографија по веста за разводот: Росана Јанков во јавност без Коки (ФОТО)

Прва фотографија по веста за разводот: Росана Јанков во јавност без Коки (ФОТО)
  • 21.09.2018

Пред десетина дена во „Ексклузив“ на 1ТВ ексклузивно беше објавено дека македонскиот музичар Коки Јанков се разведува од сопругата Росана.

Парот веќе некое време не објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, а ретко беа заедно забележани во јавност, што претходо не беше практика за еден од најсимпатичните парови на македонската естрада.

Веста за разводот, иако официјално не беше потврдена од сопружниците, сепак Росана вчеравечер прв пат се појави во јавност по информацијата.

Таа беше дел од забавата по повод 25 години од утринската програма на МРТВ, каде се појави без Коки.

Дали со ова официјално појавување беа само потврдени гласините за разводот, останува сами да процените.

Back To Top