skip to Main Content

Планетарната музичка сензација „2 CELLOS“ конечно со големо арена-шоу во Скопје

Планетарната музичка сензација „2 CELLOS“ конечно со големо арена-шоу во Скопје
  • 28.03.2018

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо „2 CELLOS“ ќе настапи во Скопје на 06ти октомври годинава, во ВИП Арена.

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Во недостаток на простор да се напише и објасни што се’ успеаа тие да направат изминативе неколку години, ќе го завршиме ова соопштение со информацијата дека сите детали околу влезниците за овој музички настан, кој би требало да ја одбележи оваа есен во Македонија ќе бидат познати во среда во 19 часот, на ова место.

Back To Top