skip to Main Content

Оваа сабота во „Вечер со Тијана“ двајца гости, едниот од Македонија, другиот од Америка (ФОТО)

Оваа сабота во „Вечер со Тијана“ двајца гости, едниот од Македонија, другиот од Америка (ФОТО)
  • 11.07.2018

Оваа сабота во „Вечер со Тијана“: Единствената која издржа седум сезони да биде со банкарот. Згодна и атрактивна, секогаш насмеана. Наместо банкарот друштво ќе и прави сценаристот што создава цртани филмови за Дизни, Рон Холси. Момчето родено во Мериленд, Америка, живее во Лос Анџелес, а Србија му е честа дестинација. Слабост му се Србинките како и музиката. Тој одлично пее верувале или не турбо фолк.

Пред повеќе од една година, имаа соработка со Тијана каде двајцата ја отпеаа во дует македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Лила и Рон во „Вечер со Тијана“ оваа сабота со почеток во 20 часот на 1 ТВ.

Вистинско шоу во кое ќе уживате и оваа сабота. Ќе слушнете како Рон ќе пее на српски јазик, ќе раскаже за наградата на „Emmy“ но и ќе заигра македонско оро. Лила пак ќе отркие дали повторно ќе се мажи, а дали ќе запее во емисијата ќе дознаете во сабота во 20 часот на 1ТВ.

 

 

Back To Top