skip to Main Content

Никако да види бел ден: Беквалац повторно заврши во болница

Никако да види бел ден: Беквалац повторно заврши во болница
  • 17.07.2018

По настапите изминатата недела, пејачката остана да се одмори неколку дена на Јадранот, но нејзиниот организам беше премногу слаб.

По тешкиот период кој го преживеа изминатите неколку месеци, откако нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ ја претепа, Наташа Беквалац се посвети на работата и семејството.

Таа во петокот и саботата имаше настапи во Црна Гора, по што остана два дена да се одмори на јадранското приморје. Сепак, пејачката заврши во болница поради падот на имунитетот.

„Наташа слабо јаде во последно време. Таа имаше многу стрес во текот на последните неколку месеци и никако не се врати на нормалната исхрана. Последните неколку дена беше многу активна, пристигна во Црна Гора, долго време беше на сонце, а потоа одржа и два настапи. Публиката навистина одлично ја поздрави и направи вистински спектакл. Меѓутоа, во неделата наутро не тргна на добро, беше преморена и мораше да посети лекар. По испитувањето, тие мораа да ѝ дадат инфузија, по што ѝ беше подобро. За да не ѝ пропадне денот, таа отиде на плажа, но седеше под сенка, одмараше и јадеше салата.“ – вели извор близок до пејачката.

„Сите знаат што ѝ се случи на Наташа во последно време, а од преголемиот стрес што го доживеа, малку јадеше. Ова е најголемата причина за губење на тежината за толку кратко време. Оние кои ја сретнаа на плажата и дадоа поддршка и пофалби за нејзиниот изглед.“ – додава изворот.

Наташа кратко се одмори во Црна Гора, по што се врати во Белград, каде што ја чекаа нејзините ќерки Хана и Катја. Имено, познато е дека Наташа најмногу сака да го поминува времето со своите ќерки, па затоа не можеше да го дочека моментот да ги види.

Back To Top