skip to Main Content

„Ние сме јавни личности, а не јавен тоалет“: Остра Марија Шерифовиќ кон обожавателите (ФОТО)

„Ние сме јавни личности, а не јавен тоалет“: Остра Марија Шерифовиќ кон обожавателите (ФОТО)
  • 30.10.2018

„Јас сум тука да сликам со вас, да ви ја дадам мојата рака, да ве гледам во очи, да се насмевнувам …“ беше искрена Марија Шерифовиќ, поведена од снимката која се појави на социјалните мрежи каде пејачката Ана Бекута ја одбива една баба да ѝ ја бакне раката.

Обидот на обожавателката да дојде до пејачката наиде на различни осуди. На сето ова не можеше да остане рамнодушна ни Марија Шерифовиќ, која одлучи да искоментира и да ја оправда Ана Бекута.

„Да ви кажам искрено. Ние сме јавни личности, но навистина не сме јавен тоалет. Не сакам некој да ме гушка, да ме бакнува, да ме допира… Со сета почит кон сите мои обожаватели. Јас сум тука да се сликам со вас, да ви ја дадам мојата рака, да ве гледам во очи, да се насмевнувам, но нема потреба да се бакнуваме“, изјави Марија за српскиот „Exkluziv“ и откри уште еден интересен факт за себе.

„Јас се туширам 5 пати на ден. Не можам да го поднесам тоа. Кога и да излезам во градот, па некој посака да се поздрави со мене, со испотена рака, би се убила!“ – признава пејачката.

Back To Top