skip to Main Content

Нема да верувате кои светски ѕвезди одбиле да глумат во Титаник! (ФОТО)

Нема да верувате кои светски ѕвезди одбиле да глумат во Титаник! (ФОТО)
  • 15.02.2019

Еден од најпопуларните и најуспешните филмови на сите времиња секако е и филмот „Титаник“. Во ова ремек дело, во кое е заработено над 2 милијарди долари насекаде низ светот, главните улоги им припаднаа на актерскиот пар Леонардо Дикаприо- Кејт Винслет.

Меѓутоа, тоа што е малку познато е дека многу филмски ѕвезди одбиле да играат во „Титаник“, а некои од нив не успеале да ја поминат аудицијата.

Режисерот Џејмс Камерон сакал ликот Џек да го игра Ривер Финикс, меѓутоа овој актер починал кога бил млад. Улогата која на крајот ја доби Леонардо Дикаприо ја одбиле ѕвезди како што се Том Круз, Бред Пит, Џони Деп, Стивен Дорф. На аудицијата се пријавиле Кристијан Бејл, Итан Хок, како и Метју Меконахи и Крис О’Донел, меѓутоа, не поминале.

Од друга страна, ликот Роуз идбиле да го играат Никол Кидман, Гвинет Палтоу, Џина Дејвис, Дру Баримор, Шарлиз Терон, Клер Дејнс, Анџелина Џоли, Роуз Брн, како и кралицата на поп музиката Мадона. Исто така, Риз Видерспун, Џенифер Анистон, Камерон Дијаз, Кристина Еплгејт, Џенифер Конели, Рејчел Вајс, Шерон Стоун, Ума Турман, Џоди Фостер, Мини Драјвер, Кетрин Хајгл, Кристина Ричи, Нив Кемпбел, Винона Рајдер, Кејт Бекинсејл….

 

 

Back To Top