Наум Петрески во емисија во живо на водителите на „Ексклузив“ им кажа: „Марш“ (ВИДЕО)

По скандалот за кој бруеше целата македонска јавност, а во кој нашиот познат пејач Наум Петрески јавно на социјалните мрежи повика на смрт на симпатизерка на партија, тој денеска повторно се надмина себе си.
Имено, додека одеше во живо емисијата „Ексклузив“, водителите Стефан и Нина телефонски сакаа да во вклучат во живо со цел да го прашаат за неговите закани. Пејачот крена телефон, но само кратко и јасно се обрати со зборот: „Марш“.
Што точно сакаше да каже почитуваниот пејач со овој негов кус коментар, може само да претпоставувате и вие, а и ние.
Погледнете ја емисијата. Моментот кога Петрески крена на телефонскиот повик е нeкаде на крајот од емисијата:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.