skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Наскоро родители: Нема да ви се верува колку пари искешираа Живојиновиќ за детската соба

Наскоро родители: Нема да ви се верува колку пари искешираа Живојиновиќ за детската соба
  • 14.01.2019

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ за помалку од три месеци ќе станат родители.

Младиот брачен пар одлучи да не остава на случајот, туку навреме да ја подготви детската соба за бебето за која искешираа дури 5.000 евра.

„Александар и Филип  живеат во стан во населбата Степа Степановиќ, кој го опремија да биде нивно семејно гнездо. Тие сакаа да бидат независни, па по свадбата не се согласија да живеат во вила на Бежаниска коса, каде живеат таткото на Филип и Лепа Брена. Александра сакаше нејзиниот дом да биде на друга адреса, а сега активно работи на нов албум во нејзината доцна бременост. Во паузите од снимањето песни, таа, заедно со Филип, е посветена на уредување на просторијата за наследникот“, откри извор близок до двојката, кој додава дека мајката на Александра Борка, многу им помага во изборот на мебелот:

„Собата ќе биде во бела, сива и небо сина нијанса. Александра сакаше да има голема гардероба на која ќе може да го пресоблекува и бања малиот. Тука се и необичните светилки на сите ѕидови во просторијата на бебето. Тие купија многу гардероба што ќе ја носи нивниот наследник, но и многу играчки. Важно им е бебето да спие на удобно и душек изработен од природни материјали, затоа го порачаа од странство и очекуваат да пристигне наскоро. Затоа водеа сметка за што ќе ги чини повеќе од пет илјади евра“, вели изворот за српскиот магазин „Ало!“.

 

Back To Top