skip to Main Content

Музички избор на британското кралско семејство: АББА, Леонард Коен, „Колдплеј“, „Дјуран Дјуран“…

Музички избор на британското кралско семејство: АББА, Леонард Коен, „Колдплеј“, „Дјуран Дјуран“…
  • 10.04.2018

Ди-џејот Крис Еванс, кој минатата година бил задолжен за музиката за време на појадок во Бакингемската палата, ја воодушевил кралицата Елизабета Втора откако го пуштил евергринот „Dancing Queen” на шведската група АББА. На тoј начин, сите присутни дознале дека тоа е една од нејзините десет омилени песни.

Музички фаворит за принцот Чарлс, пак, е починатиот Леонард Коен.

– Инструменталките му се фантастични, како и неговите изведби и текстовите на песните. Има неверојатно „лесен“ глас, помалку и рапав, изјави во едно свое интервју принцот Чарлс.

Познато е и тоа дека принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт, барале Ели Голдинг да им пее на венчавката во 2011 година, па според тоа може да се заклучи дека тие најмногу уживаат во нејзината музика.

Кога Џорџ бил бебе, принцот Вилијам го успивал со песните на групата Колдплеј, а најмногу со „Paradise”.

– Колдплеј всушност и не е негов омилени бенд, но штом ја слушне таа песна, во истиот миг се смирува, изјави извор близок до семејството.

Англискиот продуцент на електронска музика, Оливер Дин Џонс, попознат како Скрим, е еден од омилените музичари на принцот Хари.

– Бевме повикани како бенд во Бакингемската палата, и во таа прилика го запознавме принцот Хари. Беше навистина возбуден поради нас и знаеше кои сме и пред да не запознае, раскажува продуцентот.

Кралицата Елизабета Втора иако уживала во хитот на групата АББА, сепак таа песна на се најде на плејлистата за нејзиниот 90-ти роденден. Од изборот на песни може да се заклучи дека таа ужива и во мјузикли и класици, како оние со Фред Астер.

На меморијалниот концерт во 2006 години во чест на принцезата Дијана, настапот на групата „Дјуран Дјуран“ беше запомнет по емотивниот говор на пејачот Сајмон ле Бон.

– Почестени сме што бевме омилен бенд на принцезата Дијана, како што и таа отсекогаш беше наша најдрага принцеза, рече меѓу другото Ле Бон.

Back To Top