skip to Main Content

„Металика“ донираше 250.000 евра на болница во Романија

„Металика“ донираше 250.000 евра на болница во Романија
  • 15.08.2019

Американскиот хеви-метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на романското здружение кое ја гради првата детска онколошка болница во земјата.

Фондацијата Дарујесте Виата (Дарувај живот), е основана 2012 година. Донацијата пак, ја објавија пред концертот на групата во среда, што е веќе распродаден. Изградбата на болницата во Букурешт, започна кон средината на 2018 година, а се очекува да заврши идната година.

Досега се собрани донации од 260.000 поединци и скоро 2.000 компании.

Планот опфаќа изградба на три нови регионални болници, за коишто средства издвои и Европската Унија.

Back To Top