skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Марија Ичкова повторно ја допира публиката со нова песна (АУДИО)

Марија Ичкова повторно ја допира публиката со нова песна (АУДИО)
  • 13.03.2019
Симпатичното девојче од Икс Фактор полека но сигурно гради име на македонската музичка сцена. Работлива и посветена цврсто си стои на ветувањето дека во наредниот период ќе слушаме повеќе за неа.
Овој пат реши да ја разбуди пролетта со заразната „Пак да те допирам“ во соработка со нејзиниот тим од Мјузик Хаус. Бојан Трајковски (Ај Кју) и овојпат е целосен автор и продуцент на песната и во оваа прилика има да додаде.
– Со нетрпение чекав Марија Ичкова да ја испее оваа песна. Уште пред да се случи тоа знаев дека ќе биде полн погодок и дека ќе има огромен придонес да песната прозвучи толку конкретно и автентично. Марија ја има таа тајна состојка во гласот и е навистина пријатна за слушање. Драго ми е што веќе работиме на нови песни кои за скоро време ќе ја видат светлината на денот.
Марија додава:
– Можам да кажам дека најинтересно во овој период ми беше што после снимањето на песната постојано ми се вртеше во глава со денови. Обично тоа ми се случува со песни од други пеачи а овој пат беше забавно да тоа биде мојот глас . Многу ме исполнува темпото на работа кое е интензивно но не е напорно и кога ќе се добијат реакциите од публиката и поддршката од медиумите, се си добива смисла. За мене пролетта е дојдена, се надевам дека ја будам и кај вас.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top