Македонската естрада со музички спектакл: 15 градови – 40 изведувачи

„Македонија започнува нова приказна – добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот.Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина“, стои во описот на поканата на социјалните мрежи насловена „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“.
Оваа сабота, на 14 јули, ги покануваат сите да се обединат и заедно да го прослават историскиот успех на Македонија. Големаата граѓанска прослава ќе се одржи во 15 градови ширум земјата заедно со преку 40 домашни артисти и музичари.
Во продолжение ја имате целата музичка агенда:
15 ГРАДОВИ – 40 ИЗВЕДУВАЧИ:
Скопје / централна прослава
Градски парк – 21:00
Изведувачи: Кирил Џајковски, Архангел, Këpurdhat
Куманово
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Muhamed Ibrahimi, Шутка Рома Рап, PMG Kolektiv, Фолтин
Велес
Амфитеатар (Младински парк) – 21:00
Изведувачи: Слаткаристика, Ферус Мустафов
Кавадарци
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Кристина Арнаудова, Нокаут
Кичево
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Владо Јаневски, Adrian Gaxha
Прилеп
Градски плоштад – 20:00
Изведувачи: 5+ бенд
Охрид
Градски плоштад – 18:00
Изведувачи: Лозано, Исмаил Лумановски
Битола
Широк Сокак – 21:00
Изведувачи: Дуке Бојаџиев, Горан Кан, FLOODER, DEJAN DEX
Тетово
Градски плоштад – 18:00
Изведувачи: BIG MAMA, Дани Димитровска, HIGH CONTROL, SHPAT KASAPI
Гостивар
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Ареа, FECKY FARRIS
Штип
Плоштад – 21:00
Изведувачи: ДНК, Елена Ристеска
Кочани
Трговски центар – 21:00
Изведувачи: Лепи Џони, БАКЛАВА & special guest KING NAAT VELIOV, Conquering Lion
Струга
Чаршија – 21:00
Изведувачи: Blla Blla Blla, С.А.Ф., Maci Stojanovic
*Во соработка со Дрим Он фестивал
Гевгелија
Плоштад – 21:00
Изведувачи: Ерик Фокс, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански
Струмица
Пред Дом на култура – 21:00
Изведувачи: Чалгија Саунд Систем, Љубојна
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.