skip to Main Content

Мадона оди на Евровизија, но за која земја?!

Мадона оди на Евровизија, но за која земја?!
  • 17.01.2019

Израел се подготвени на 64-от Евросонг на сцената да го донесат едно од најголемите музички имиња!

Израелските медиуми открија дека на сцената најверојатно ќе пее, кралицата на поп музиката, Мадона.

„Мадона начелно ја прифатила понудата за Евросонгот, но сè уште не договориле колкав ќе ѝ биде хонорарот“, пишува порталот Инет.

Ако тоа конечно се случи, тогаш зборуваме за една од најголемите пресвртници во историјата на овој музички натпревар.

Израелците, според пишувањата на домашните и странските медиуми, подготвуваат вистински спектакл.

Back To Top