skip to Main Content

Мадона и Тамара ќе се сретнат во Израел

Мадона и Тамара  ќе се сретнат во Израел
  • 13.04.2019

Кралицата на попот Мадона побарала 1 милион долари  за да настапи  на годинешниот избор за песна на Евровизија кој  ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај. Поп дивата од организаторите побарала за таа сума, да испее две нејзини песни, еден стар  хит ,како и една понова песна. Израелскиот бизнисмен Силван Адамс го презеел трошокот за хонорараот на Мадона , со што  се потврди нејиното гостување на Евросонг. Ова ќе биде прво гостување на планетарно популарната поп ѕвезда на  Евровизија.

 Нашиот најдобар женски  вокал, поп пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Северна Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија со песната „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.  Мадона во 2015 година беше прогласена за „најкомерцијализирана пејачка“, а нејзиното име се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди.

 

 

Back To Top