skip to Main Content

Луксуз како од холивудските филмови: Цеца го реновираше својот дом (ФОТО)

Луксуз како од холивудските филмови: Цеца го реновираше својот дом (ФОТО)
  • 21.05.2019

Светлана Цеца Ражнатовиќ живее во вила како светските ѕвезди, а од неодамна почна со реновирањето, па направи вистински спа центар со базени и сауни.

Имено, Ражнатовиќ во својата вила имаале базен кој со години не бил во употреба, па пејачката реши да го реновира тој дел од вилата и на тој начин да направи место за уживање за себе и своите најмили. Реновирањето траеше долго, но сега конечно можат да уживаат во базенот, сауната и масажите.

„Цеца отсекогаш сакаше да вложува во својата вила затоа што смета дека тоа место има најмногу мир и каде сака да поминува целото свое слободно време. Така ни сега не сакаше да препушти на ситуацијата, па покрај базенот направи и просторија за вежбање. Реновирањето траеше со години, затоа што Цеца не беше задоволна од мајсторите, па често ги менуваше“, тврди извор близок до српскиот „Блиц“.

Просторот околу базенот е украсен со кристален лустер, несекојдневни зелени и големи столбови, па сето тоа изгледа како од холивудските филмови.

Back To Top