skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Лозано објави нов летен хит на еден ден пред неговиот голем концерт во Охрид (ВИДЕО)

Лозано објави нов летен хит на еден ден пред неговиот голем концерт во Охрид (ВИДЕО)
  • 01.08.2019

На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, најголемата музичка ѕвезда во Македонија, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна.

„Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.

– Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе и се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот “Билјанини извори” – вели Лозано во неговата куса изјава.

Инаку организаторите на концертот, “Прагма Продукција” најавуваат вистински музички спектакл, а Лозано ќе биде запишан како првиот домашен изведувач кој ќе настапи на охридскиот стадион и тоа на најголемиот македонски празник – Илинден!

Вратите на стадионот се отвараат во 19 часот, а пред Лозано на големата бина со свои настапи ќе се претстават неговите помлади колешки, Антониа Гиговска и Лина Пејовска.

Влезници се уште може да купите преку продажната мрежа на “kupikartizase.com”, на плоштадот во Охрид, како и на вратите на стадионот “Билјанини извори”.

Back To Top