skip to Main Content

Лејди Гага сепак ја откажа веридбата поради Бредли Купер!

Лејди Гага сепак ја откажа веридбата поради Бредли Купер!
  • 21.02.2019

Иако првобитно беа погодувања и долго се шпекулираше околу тоа како Лејди Гага (32) ја откажа веридбата со Кристијан Карин (50), сепак според пишувањата на странските медиуми се испостави дека тоа е точно.

Веста за раскинувањето наводно ја потврди близок човек до парот, а веќе подолго време се шпекулира дека Гага го гледа Бредли Купер како повеќе од пријател, и затоа тој е причината за откажувањето на веридбата.

Тие двајца заедно работеа на филмот “A Star Is Born”, кога и се зближија, а Гага од недоамна на доделувањето на Греми наградите е видена без веренички прстен. Освен тоа, нејзиниот долгогодишен партнер не беше со се нејзе на црвениот тепих, ниту пак пејачката го спомена во нејзиното обраќање кон присутните.

Ниту Денот на заљубените, 14 фебруар не го поминала со Кристијан, туку со татко и во студио, каде го истетовира својот грб и со фотографија од тетоважата им го честиташе на сите празникот.

Од друга страна, Бредли е од 2015 година во врска со рускиот топ модел Ирина Шајк, со која има ќерка (1). Се пишува дека убавата манекенка не е воодушевена за неговата блискост со Гага која од минатата година се случи во текот на снимењето на филмот “A Star Is Born”, кој е номиниран за овогодинешниот Оскар.

 

Back To Top