skip to Main Content

Легендарниот актер Нинковиќ во „Вечер со Тијана“

Легендарниот актер Нинковиќ во „Вечер со Тијана“
  • 20.06.2018

Сабота е денот резервиран за најгледаното ток шоу „Вечер со Тијана“ со почеток во 20 часот на 1ТВ. Тијана оваа сабота ќе биде домаќинка на познатиот српски актер кој го препознаваме од телевизиските филмови и серии како и од филмското платно.

Слободан Бода Ниниковиќ е роден во Смедерево, а растен во Белград. Во „Вечер со Тијана“ освен за омилените театрски, телевизиски и филмски улоги ќе зборува и за неговиот приватен живот, а нема да одолее ниту на микрофонот. „Македонско девојче“ е изборот на Нинковиќ во „Вечер со Тијана“.

Нинковиќ од 1986 –та година па се до 1995 –та бил постојан член на театарот „Бошко Буха“, во тој период тој одиграл нешто повеќе од 30 премиери во претставите кои се изведени повеќе од 2 000 пати. За неговата работа во овој тетара и многу други во Србија, Бода има добиено неколку значајни награди и признанија.

Бода Ниниковиќ е среќно оженет со Славица, која по занимавање е правник. Сопругата ја запознал во театар, бидејќи таа аматерски се занимавала со актерство. Од нивата љубов плод се нивните две ќерки, Наѓа Ниниковиќ која е позната одбојкарка и која игра за репрезентација на Србија, а моментално е ангажирана во странство. Другата ќерка се вика Ања и е театарски продуцент.

„Сенки над Балканот“ е неговото последно филмско остварување како полицаец Живојин. Ова беше српска криминалистичка телевизиска серија чии автори се Драган Бјелогрлиќ и Стеван Копривица.

Слушнете ја приказната на Слободан Бода Ниниковиќ во „Вечер со Тијана“ во 20 часот на 1ТВ.

Back To Top