skip to Main Content

Криминал и пукотници во новиот спот на „Тропико бенд“ и Џенан Лончаревиќ (ВИДЕО)

Криминал и пукотници во новиот спот на „Тропико бенд“ и Џенан Лончаревиќ (ВИДЕО)
  • 19.04.2018

Како што впрочем и најавија, пред најавената журка во Скопје следува уште една премиера, овој пат на темата со наслов „Синови таме“, инаку, соработка со нивниот колега Џенан Лончаревиќ.

Режисерската палка, но и една од главните улоги во оваа неверојатна крими приказна и овојпат му е доверена на еден од најдобрите актери од помладата генерација во соседна Србија, Вук Костиќ. Инаку, ова е нивна четврта соработка.

– Другари се гледаме на 28 април во ВИП Арена Борис Трајковски. Ние сме спремни, а вие“, е пораката што Сале, фронтменот на Тропико, на чист македонски ја упати до својата публика со која деновиве имаше можност да се дружи и во живо.

Билетите за скопскиот концерт се пуштени во продажба и тоа преку мрежата на Купикартизасе и во Југотон, а освен влезници за партерот и трибините, може да се набават и ВИП пакети.

Погледнете го спотот:

Back To Top