skip to Main Content

Крај на љубовта со Ана Севиќ: Дарко Лазиќ ќе потпише документи за развод во болница

Крај на љубовта со Ана Севиќ: Дарко Лазиќ ќе потпише документи за развод во болница
  • 12.11.2018

Дарко Лазиќ и Ана Севиќ конечно ќе стават крај на четиригодишниот брак и тоа во болницата во која се оперираше српскиот пејач, ексклузивно дознава српскиот магазин „Вип магазин“.

Пејачот се согласи да ги потпише документите за развод, што избегнуваше да го стори тоа во последните 11 месеци, па разделбата помеѓу двајцата поранешни сопружници ќе биде конечен. Дарко се согласи да го стори ова од причина што сака да ја заштити поранешната сопруга Ана Севиќ од медиумскиот притисок, но и поради причината што сака да ја официјализира врската со запросената девојка Марина Гагиќ.

Како што дознаваат српските медиуми, адвокатот на поранешната сопруга Ана ќе го посети пејачот за да ги потпише документите за развод.

„Дарко и Ана веќе од пред година дена поднесоа документи за развод и имаа намера сето тоа да се одвива во тајност. Меѓутоа, на почетокот на оваа година се појави снимка на која наводно се гледа како Дарко вовлекува бел прав, по што со поранешната сопруга не можеа долго да ја кријат вистинската причина за нивниот однос. Набрзо се откри дека бракоразводната парница е во тек, но од тој момент, па се до денес, ништо не се случи, бидејќи Дарко избегнуваше да ги потпише документите за развод“, открива извор близок до пејачката Ана Севиќ.

„Во овие моменти Дарко сфати дека Марина е жената со која сака да го продолжи животот, затоа што само таа останала покрај него кога му било најтешко. Марина од првиот ден доаѓаше во болница со неговите родители и ова е неговиот начин да ѝ покаже колку му значи. Дарко планира да ја официјализира врската со Марина веднаш штом му биде подобро, но она што му е сега важно е да стави точка на бракот со Ана и така мајката на неговата ќерка да ја ослободи од стресовите низ кои ја вовлече со неговиот стил на живот“, додава изворот.

Back To Top