skip to Main Content

Катарина Грујиќ остро му врати на Огњен Врањеш откако дозна што зборувал за нејзе (ФОТО)

Катарина Грујиќ остро му врати на Огњен Врањеш откако дозна што зборувал за нејзе (ФОТО)
  • 16.05.2019

На прашањето на новинарот кое гласи: “Твојот поранешен дечко Огњен Врањеш те пофали дека си вистинска лавица и најдобрата личност што ја познава. Дали тоа те импонира?”, Катарина одговорила:

-Му се заблагодарувам на убавите зборови кои ги кажал за мене. Тоа само покажува дека вредите колку што ве фалат другите усни.

Кога станува збор за новата врска, Грујиќ одговорила со насмевска:

-Морам да признаам дека сум многу задоволна. Имам покрај себе некој кој ме прави многу среќна, на кој му е битна мојата насмевка на лицето. Затоа не ја експонирам мојата врска, околу среќата се молчи. Сега брзо прочитав дека прашањата од типот “кога се мажиш, кога ќе родиш деца, кога ќе го направиш ова, кога ќе го направиш она” станаа прашања од општа култура. Епа, мојот одговор е не знам.
Back To Top