skip to Main Content

Карлеуша патува за Русија: На Душко му е потребна поддршка од жената (ФОТО)

Карлеуша патува за Русија: На Душко му е потребна поддршка од жената (ФОТО)
  • 15.06.2018

По цела агенда на настани и нејзин целосен фокус, Јелена Карлеуша е една од најактивните јавни личности на Балканот.

Освен што се заврши сезоната на „Ѕвезде гранда“ за овој период, поп принцезата не познава граници, кога е тема одмор.

Покрај работните обврски, Јелена сепак, ги пакува куферите и најави дека ќе оди на Светското фудбалско првенство во Русија за да го поддржи својот сакан сопруг и фудбалер Душко Тошиќ.

„Се подготвувам, одам на 26. јуни, ќе ги понесам Атина и Ника да го поддржат тато, а таму со Душко ќе прославиме и 10 години од нашиот брак, на Црвениот плоштад.“ – изјави Јелена Карлеуша.

Во чест на големото светско случување во областа на фудбалот, на новинарско прашање дали е тоа однапред договорено Јелена да присуствува со ќерките за да го поддржат Душко, таа изјави: „Тоа е натпревар кој ќе се случи токму во Моска и против Бразил. Тоа ќе биде јако, навистина атрактивно. Мислам, не е да не сакаме по малите градови, туку Москва е сепак навистина интересна и за гледање, и стадионот, така натаму.“ – открива Карлеуша за Telegraf.rs.

Како што дополнува таа, многу е горда на својот сопруг со кој веќе 10 години преживеала многу подеми и падови, но дека и секој пат го смирувала кога сакал да се пресмета со некој кој објавувал неосновани работи за нив по медиумите.

„Душко е долго време репрезентативец и некој со кој многу се гордеам. Јас го запознав кога имаше 21 година, тогаш беше млад репрезентативец… Верував во него. Сметам дека за еден успешен спортист и генерално успешен човек, многу е важна љубовта и поддршката од жената која е покрај него. Во добро и во зло, а имаше многу, многу тешки моменти.“ – додаде Карлеуша за српскиот портал.

„Тешко е да се биде со мене, на самиот почеток. На пример, вие отворате кој било таблоид или ја погледнувате насловната страница од кој било таблоид и да ги видете најстрашните навреди за неговата сопруга, за сопругата на Душко. И сега, како човек, тој некако мора да го издржи тоа, а да не му го скрши носот некому. Тој е и спортист. Тој вели: „Боже, се оженив, добро што не завршив во затвор“, бидејќи тој постојано се расправаше со некого за мене поради некоја причина и тоа секогаш морам да го контролирам. Велам, тешко е. Тој доживеа многу неправда со мене, во мојата работа, подеми и падови, но и јас во неговата работа, и затоа нашата љубов е силна. Ве зближува … Бракот и љубовта не е само она убавото, но ве зближуваат и тешките моменти.“ – откри Јелена Карлеуша за Telegraf.rs.

Со реден број 3 на ова Светско првенство во Русија, фудбалерот Душко Тошиќ ќе ја брани својата земја со првиот натпревар за Србија и тоа на 17. јуни против Коста Рика, закажан за 14:00 часот.

Back To Top