skip to Main Content

Како во старите времиња: Боки Јовановски и Марина Туцаковиќ уживаат во Белград (ФОТО)

Како во старите времиња: Боки Јовановски и Марина Туцаковиќ уживаат во Белград (ФОТО)
  • 01.07.2018

Сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со една од најдобрите текстописци во регионот, Марина Туцаковиќ, која веќе некое време успешно се бори против тешката болест.

Јовановски објави фотка на која може да се види како двајцата уживаат во еден познат белградски ресторан, а како коментар стои:

– Ова е мојата најдрага слика, со најдрагата личност во светот. Марина е супер, одлично се чуствува и одлично изгледа.

Инаку Бојан и Марина се веќе долги години пријатели, а таа се потпишува и како автор на текстовите за неговиот први албум „Калигула“.

Back To Top