skip to Main Content

И најтврдите ќе заплачат: Боки од „Амадеус бенд“ му даде 4000 евра на момче кое боледува од рак (ВИДЕО)

И најтврдите ќе заплачат: Боки од „Амадеус бенд“ му даде 4000 евра на момче кое боледува од рак (ВИДЕО)
  • 14.05.2019

Милан Милошевиќ од Лесковац, кој боледува од аденокарцином со метастаза на црниот дроб и плуќата- шифра Ц15, доби надеж бидејќи парите за лекување во Турција се собрани за првата, веројатно, од најмалкуте шест медицински сесии.

-Парите почнаа нагло да пристигнуваат на сметка – кажува Тијана Миљковиќ, девојката на Милан – пишува Југмедиа.

Најголемиот износ од 4000 евра, кои на младиот Милан му овозможи да оди на првата терапија во Турција, ги донираше Бојан Станимировиќ од „Амадеус Бенд“.

Бојан седеше покрај Милан и преку видео порака им се обрати на сите:

-На човекот минутите му се одбројани, му фалат 4000 евра за да замине за Турција. Соберени се веќе 4000, но му фалат уште толку. Јас сега треба да ве повикам да донирате, но јас му ги донесов тие 4000 евра. Тој треба утре или задутре да тргне за Турција и сега ги има парите кои му недостигаа. Вие сега понатаму морате да уплаќате бидејќи за 20 дена мора да ја плати и втората терапија. За првата имаме. Дигнете се сите и да собереме пари – порача членот на Амадеус бенд откако од својот џеб ги извади парите и ги стави до Милан.

Кога Милан ги виде парите, неможеше да издржи и веднаш заплака.. со солзи во очите, успеа само да каже:

-Леле, Боки…

Во продолжение погледнете го ова емотивно видео:

 

 

Back To Top