skip to Main Content

Инстаграм профилот на Љупка повторно во нејзини раце

Инстаграм профилот на Љупка повторно во нејзини раце
  • 24.07.2019

Инстаграм профилот на популарната блогерка Љупка Митрова кој беше жртва на сајбер манијак, е повторно под нејзина контрола.

Имено до пред неколку часа нејзиниот профил на Инстаграм не постоеше , а Митрова немаше никаков пристап до него.
За среќа профилот е вратен назад во нејзини раце.

“Мојот профил повторно е под моја контрола!

Ви благодарам на сите што помогнавте да го вратам назад .
Против сторителот на ова дело одземање на мојот профил , злоупотреба на истиот и наметно поставување на содржина со цел да се наруши моето достоинство и углед , е покрената кривична постапка…

Истото ќе му се случи на секој еден што ќе се дрзне да ме нападне на било каков начин.

Ве сакам – напиша таа на својот профил пропратено со фотографија од една од последните фотосесии на блогерката.

Инаку ова на познатата блогерка и се случува додека таа со своите две ќерки е во Турција каде го поминува својот годишен одмор.

Back To Top