skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Извадена од памет: Синот на Лепа Брена излета од автопат (ФОТО)

Извадена од памет: Синот на Лепа Брена излета од автопат (ФОТО)
  • 12.01.2019

Поради лошите временски услови и снегот во автопатот, автомобилот на синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ минатата недела изгуби контрола на патот од Копаоник. Имено, и покрај фактот што постариот син на Лепа Брена возеше бавно, неговиот автомобил завршил надвор од автопатот.

„Стефан е добар возач и има добар мерцедес, но Копаоник тие денови беше затрупан, луѓето со џип одвај можеа да поминат. Тргна на пат сам, ден однапред, додека неговиот помлад брат Виктор остана уште една ноќ на Копаоник со своите пријатели. Иако сите му велеа да тргна на пат во утринските часови, тој одби, бидејќи имал закажана емисија во која што би требало да ја промовира песната“, вели извор близок до Стефан, објаснувајќи што се случило на патот кон Белград.

„Стефан возеше полека, но мразот го фрли во крива и се лизна од патот. За среќа, тој не се повреди. Автомобилот немал многу штета, но Стефан доживеа шок. Има малку гребнатини, но незначително со оглед на тоа што можеше да се случи. Веднаш по лизгањето, Стефан се јави на шлеп службата. Сепак, тие доцеа повеќе од еден час. Стефан многу се измрзна додека да дојдат да го извлечат, но откако се беше во ред, продолжи со своето патување. Инаку, ниту Стефан ниту Виктор не сакаа да им кажат на своите родители за да не се нервираат, со тоа што Брена им рекла да не одат во Копаоник, поради тоа што доаѓа невреме, но тие не ја послушаа“, вели изворот и констатираше дека Стефан при неговото враќање од зимувањето, опатувал со својата мајка на турнеја во Австралија.

Back To Top