skip to Main Content

Игор Којиќ оставил мистериозен пакет во пламен пред домот на поранешниот сопруг на Северина

Игор Којиќ оставил мистериозен пакет во пламен пред домот на поранешниот сопруг на Северина
  • 30.05.2019

Денес главна тема во медиумите е наводниот обид за убиство на Северина врз нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ. Наводно, пред куќата на бизнисменот Милан Поповиќ во Загреб, нешто после поладне, автомобил марка ауди кој наводно е во сопственост на Северина Којиќ, се паркирал пред влезот во гаражата. Од возилото наводно излегол Игор Којиќ, кој потоа се упатил кон капијата и оставил мистериозен пакет.

Северина после објавите на медиумите се огласи на Инстаграм каде порача дека станува збор за измислици.

Пред мојата куќа беше ставен предмет кој што наликува на свеќа, исполнета со црн катран. На камерите се гледа дека предметот гори, но за среќа поради тоа што имаше ветер, пламенот се изгасил. Полицијата прави форнезичка обработка да види за каков предмет станува збор, а на видеото јасно се гледа дека Игор е тој кој го остава предметот, рече Поповиќ, поранешниот сопруг на пејачката за хрватските медиуми.

Поповиќ во вторникот веднаш и се обратил на полицијата за помош.

„Работиме на тој случај и ги собираме сите податоци. Во моментов можеме само да кажеме дека не станува збор за никаква експлозивна направа, туку за обичен предмет кој можеби може да се протолкува како закана, поради начинот на кој што е оставен“, рекле загребската полиција.

 

Back To Top