За сите што пропуштија: Погледнете го гостувањето на Сале од „Тропико бенд“ во емисијата „Вечер со Тијана“

Уште едно извонредно шоу влезе во колекцијата успешно изреализирани емисии на „Вечер со Тијана“. Вчеравечер во новото издание имавте можност да се дружите со фронтменот на „Тропико бенд“, Александар Цветковиќ – Сале.
Во интервјуто со Тијана Дапчевиќ, Сале сподели моменти од почетокот на кариерата на „Тропико бенд“, разговараше и за нивните хитови кои имаат многубројни прегледи на нивниот Јутуб, како и за соработката со Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Доколку ви недостига смеа и песна, а воедно сте ја пропуштиле и емисијата „Вечер со Тијана“, можете да погледнете во видеото подолу:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.