skip to Main Content

Доста време ерген одеше: Мартин Вучиќ се ожени, погледнете ја избраничката! (ФОТО)

Доста време ерген одеше: Мартин Вучиќ се ожени, погледнете ја избраничката! (ФОТО)
  • 11.06.2018

Иако пееше „Рано е да се врзам“ сепак Мартин Вучиќ реши да се врзе. Во саботата музичарот од редовите на оркестарот на Македонската филхармонија се заколна на вечна љубов со неговата избраничка Сања, со која четири години е во љубовна врска. На социјалните медиуми се појавија фотографии од свадбената прослава на музичарот.



Композиторот Роберт Билбилов објави фотографија со младоженецот. Фотографија од новопечениот брачен пар објави и Нора Шаќири. 
На свадбената прослава изненадување имало за Марин и Сања, кога на видео бим се вклучила големата музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кој честитка им пратил на младите, и им посакал долг и исполнет брачен живот со дечиња.

 

 

Back To Top