skip to Main Content

Докторите даваат се од себе: Ова се последните сознанија за ситуацијата за Дарко!

Докторите даваат се од себе: Ова се последните сознанија за ситуацијата за Дарко!
  • 29.10.2018

Дарко Лазиќ и понатаму е во тешка состојба после сообраќајката која ја имаше во вторник наутро во близина на неговото родно село Брестач, каде што е изваден од скршениот автомобил.

Родителите на пејачот, таткото Милан, мајката Бранка и вереницата Марина Гагиќ секој ден доаѓаат во Земун, а така беше и ова утро. Со нив била и тетката на Дарко, како и пријателот Миљан Врачевиќ. Се задржале околу десет минути, а по излегувањето само тетката кратко прокоментирала.

-Се е океј. – кажала тетката на Дарко.

Докторите даваат се од себе да ја добие најтешката животна битка која ја води во 27 година и како што изјави еден од докторите, неговата состојба е подобра.

Пејачот и понатаму е во вештачка кома, се наоѓа на интензивна нега, а пред неколку дена е опериран, кога му е извадена слезината. За него деноноќно се грижат најдобрите доктори.

 

 

 

Back To Top