skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Деми Мур открива сè!

Деми Мур открива сè!
  • 13.09.2019

Прво што ќе забележите во новиот број на магазинот Harper’s Bazaar е голото тело на 56-годишната актерка Деми Мур на насловната страна.

Но, идејата не е само да се прикаже голотија и како Деми физички изгледа одлично во шестата деценија, туку зад фотографијата на октомвирската насловна постои подлабока суштина – разголувањето на нејзината душа во разговорот со нејзината блиска пријателка, актерката Лена Данам.

На 24-ти септември официјално ќе излезе во продажба нејзината автобиогравска книга „Inside out” во која таа меѓу другото разоткрива потресни детали од нејзиниот живот, а токму тоа е поводот и за интервјуто за магазинот.

Разговорот започнува со навраќање на нејзиното детство, кое воопшто не било среќна приказна. Таа заедно со нејзинот помлад брат, живеела во нефункционално семејство во кое таткото бил алкохоличар, а мајката имала обид да се предозира со апчиња како последица на проблемите од токсичната врска.
„Се сеќавам дека ги користев моите тенки, детски прсти за да ги извадам апчињата од устата на мајка ми, додека татко ми ја држеше отворена. Нешто длабоко во мене се промени тогаш. Моето детство беше завршено”, раскажува за лошите околности во кои растела.

Во својата исповед низ страниците на „Inside out” таа зборува и за трауматичното искуство кога била силувана на 15 годишна возраст, за нејзините зависности и борбата со нив и како сите тие патешествија низ животот ја оформиле како личност која сега е успешна, независна, силна жена.

Нејзината животна приказна е сведоштво за преживување, успех, предавање, но и прилагодување, а токму сите етапи што ја сочинуваат нејзината интима се теми на кои таа разговара со Лена за интервјуто.
Целото може да го прочитате на Harper’s Bazaar.

Фотографите што го надополнуваат интервјуто, се само уште едно сведоштво на нејзината божествена појава.

 

 

 

 

Back To Top