skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Двојна промоција: Деби албум и нов видеоспот на Теа Трајковска (ВИДЕО)

Двојна промоција: Деби албум и нов видеоспот на Теа Трајковска (ВИДЕО)
  • 06.12.2018

Вчеравечер пред присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и новинари, пејачката Теа Трајковска го промовираше својот прв албум насловен како „Која сум јас“.

Промоцијата се одржа во ресторанот „Портофино“ во Скопје, а покрај албумот, Теа го промовираше и нејзиниот најнов видеоспот за една од темите на албумот  – „Кога најдобро те познавам“.

Деби-албумот на Теа е дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува токму и Трајковска.

– Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме со Лазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес. За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилени теми на албумот – изјави Теа.

Инаку спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томатопродукција“, а во него покрај Теа улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.

Погледнете го спотот:

Back To Top