skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Гоца Тржан за Тоше Проески: Сакаше материјални работи, сакаше да вози добар автомобил, го сакаше животот (ВИДЕО)

Гоца Тржан за Тоше Проески: Сакаше материјални работи, сакаше да вози добар автомобил, го сакаше животот (ВИДЕО)
  • 20.05.2018

Оваа сабота во „Вечер со Тијана“ на 1ТВ, Гоца Тржан ги отвори картите на маса. Искрено и без влакна на јазикот ги сподели своите впечатоци и животни искуства од приватноста, но и детали за Тоше Проески.

„Тоше воопшто не беше скромен. Тоше сакаше се, бидејќи беше способен за се. Тој ги сакаше жените, животот… Скромните луѓе не можат да ги постигнат тие работи.“ – изјави Гоца во емисијата на Тијана Дапчевиќ.

Во интервјуто додаде дека ако се мисли на скромноста со побожноста и тоа што ги сакал луѓето, тоа според нејзе не е скромност, туку нормална работа.

„Сакаше да вози добар автомобил, сакаше материјални работи, како и секој нормален човек на тие години. Го сакаше животот… Ми сметаше што многу луѓе од неговата смрт бедно се „гребеа“ околу тоа, ми претставуваше голем стрес… Особено оние за кои знам дека имаа некакви расправии со него, па позади грб нешто… Тоа многу ме нервираше, па плачеа… Како да ти кажам… Страшни сме, одвратни како народ.“ – дополни Гоца Тржан.

Споделувајќи моменти од Тоше Проески, Гоца изнесе податок за неговиот албум „Игри без граници“, велејќи дека тој албум воопшто не се слушал во Србија пред тој трагично да загине, но дека оттогаш, па наваму доби поинаква конотација.

„Направи еден сериозен албум, кој се сеќавам дека не се пушташе по радио станиците, додека беше жив. Зборувам за Србија… И тогаш, кога загина, претпоставувам дека доби поинаква конотација албумот „Игри без граници“. – открива Гоца за 1ТВ.

Во видеото подолу може да го погледнете целосното гостување на Гоца Тржан во „Вечер со Тијана“. Разговорот околу Тоше Проески е од 47:35 минути.

Back To Top