skip to Main Content

Во САД отворен Музеј на селфи

Во САД отворен Музеј на селфи
  • 01.04.2018

Во градот Глендејл, во американската сојузна држава Калифорнија, отворен е Музеј на селфи, каде посетителите ќе можат „да ги истражат корените на овој феномен“.

Во музејот од денеска до 31 мај посетителите ќе можат да ја истражат популарноста, социјалното и културното влијание на таквиот вид фотографија.

Посетителите ќе можат да сликаат фотографии во просториите кои се специјално опремени за правење селфи.

Во музејот има и експонати какви корисните на социјалните мрежи често објавуваат на своите профили, како што се храна или тоалети со големи и раскошни огледала.

Back To Top