skip to Main Content

Во сабота се мажи радио водителката Ана, Каролина ќе и биде кума

Во сабота се мажи радио водителката Ана, Каролина ќе и биде кума
  • 06.09.2018

Водителката и новинар од „Антена 5“ радио Ана Шутиноска, во сабота ќе се мажи за стоматологот Гордан Лазаревски.  Детали за свадбената веселба младоженците не откриваат. Кумови  ќе и бидат поп ѕвездата Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Миџаил Корубин.

Свадбата ќе биде интимна забава за најблиските пријатели и родинини, а ќе пее Ѓоко Танески.

Каролина и Михаил, со Ана и со Гордан беа на заеднички одмор летово на грчкиот остров Миконос, а заедно го следеа и концертот на Цукеро, во јули во Охрид.

Ана  е дел од тимот на „Антена 5“ од неговото основање , а   имаше и  ТВ искуство, прво како репортер а потоа и како водител на емисијата „Вртелешка“ со Весна Бејби Петрушевска и со Петар Ѓошев.

Back To Top