skip to Main Content

Водителот Жарко Димоски се струполи на подот, паника зад камерите (ВИДЕО)

  • 01.04.2018

По повод денот на шегата 1-ви април во отвореното студио на „1ТВ“, водителот и актер Жарко Димоски ја „извади“ од памет екипата позади камерите, но и водителите Христијан Сатја Стојчевски и Анета Кочишки.

Додека ги презентираше вестите од светот на шоу-бизнисот, во еден момент на Жарко му се „слоши“ и се струполи на подот.

Во тој момент експресно изреагира стилистот и водител Сергеј Варошлија, кој изненаден од првоаприлската местенка прв пријде да му помогне на Жарко.

Back To Top