skip to Main Content

Владо Јаневски со голем концерт во Скопје на 1 јуни

Владо Јаневски со голем концерт во Скопје на 1 јуни
  • 12.04.2018

„ Авалон Продукција“ и познатиот пејач Владо Јаневски ја обновија својата соработка по пауза од повеќе од десет години. Како резултат на тоа,  на први јуни  на стадионот на АРМ ќе се одржи најголемиот концерт во кариерата на познатиот пејач.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија.

Back To Top