skip to Main Content

Виртуозната гитаристка Јаси Хофер во Скопје

Виртуозната гитаристка Јаси Хофер во Скопје
  • 02.04.2018

Во четврток (5 април), во МКЦ ресторанот, со почеток во 21 часот, во организација на 3Гонга ќе настапи Јаси Хофер, 25 годишната виртуозна гитаристка од Германија, која ќе го промовира својот нов албум “Faith”. Настапот во Скопје е дел од нејзината голема европска турнеја.

Најпрвин свирела на виолина, но на 12-годишна возраст одлучила дека електричната гитара е нејзиниот инструмент.  Само неколку месеци откако почнала да зема часови по гитара нејзиниот професор ја запознава со легендарниот гитарист Стив Веј.

Во 2007 година Јаси настапува со  со него на сцената во нејзиниот роден град Улм. По првичниот успех добива покана од дискографска куќа да го сними нејзиниот прв ЕП. Го напушта училиштето и добива шанса да студира музика во Штутгард. По само 3 семестри добива стипенија за го продолжи своето школување на прочуениот Беркли колеџ за музика во Бостон. По нејзината наобразба се враќа во Германија и го издава нејзиниот дебитантски албум со наслов „Yasi“ во 2014 година.

Денес таа патува низ светот и ја промовира својата музика со нејзиниот бенд делејќи ја сцената со музички артисти како UFO, Chris Thompson, Steve Vai, Savoy Brown, Hellmut Hattler, Gil Ofarim and Neil Young.

Во 2016 година таа го финишираше својот нов албум „Faith“ и во моментов е на европска турнеја.

Back To Top