skip to Main Content

Вилата која и ја купил Душко на Карлеуша вреди 2,500,000 евра! (ФОТО)

Вилата која и ја купил Душко на Карлеуша вреди 2,500,000 евра! (ФОТО)
  • 20.01.2019

Душко Тошиќ неодамна од Драган Стојковиќ Пикси купи како поклон куќа во Дедиње за својата сопруга Јелена Карлеуша!

Вилата во Дедиње вреди околу 2 ипол милиони евра ,а нашата екипа ја пронајде недвижнината која сега ја чува еден господин, а се чека крајот на реновирањето и опремувањето, за семејството да може да се всели.

Новиот дом на Тошиќ кој може да го видите на фотографиите, има дури пет купатила и огромен двор, а тоа што е интересно е дека Јелена и Душко имаат посебни тоалети, бидејќи како што кажува пејачката, тоа е тајната на среќен брак.

-Купивме навистина убава куќа. Наскоро ќе се вселиме таму, ја средуваме, треба да ни стигне мебел од странство. Јас сум многу благодарна на својот маж, бидејќи јас се што заработувам го трошам буквално на крпи- изјави неодамна Јелена.

Вилата има два базени- внатрешен и надворешен, две гаражи, како и огромен двор кој е заштитен со ѕидови, камери и бодликава жица.

Back To Top