skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Вера Мештеровиќ водителка на вечерашниот Виенски Бал

Вера Мештеровиќ водителка на вечерашниот Виенски Бал
  • 16.03.2019

Вечерва во хотелот Александар Палас, ќе се одржи Биенскиот Бал во Скопје, а водителка ќе виде една од најубавите Македонки, Вера Мештеровиќ!

Овој престижен и авангарден настан, годинава се одржува по 20-ти пат. Бројка што зборува за  континуитет и истрајност. Виенскиот Бал во Скопје на нашиве простори стана синоним за успешна културно–уметничка манифестација, и тоа пред се како резултат на долгогодишната, одлична соработка меѓу организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус и покровителот на оваа уметничка манифестација – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

 

И оваа година Виенскиот бал има хуманитарна димензија. Оваа манифестација ја промовира човековата добрина, па секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на достоинството и вредноста на човекот.

Инаку, концептот и на ова, јубилејно издание на Балот е ист како и на изминатите 19 – музика, танц, забава. И оваа година, ќе го почувствуваме автентичниот дух на Виена, танцувајќи на Штраусовите валцери, но во Скопје, на Бал, се танцува и на евергрини и на македонски хит рефрени. Направен е интересен спој на австриската и на нашата култура.

100-тина врвни уметници ќе бидат дел од програмата на Виенскиот Бал:

  • Јохан Штраус оркестарот под диригентската палка на Бисера Чадловска,
  • ЗЏМ Биг Бенд,
  • Арт Бенд
  • Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ Дексо, Лина Авшар
  • Танцовиот клуб Прима Данца,
  • а свој настап ќе имаат и солистите на Балетот при Македонската опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук
  • ЕКСКЛУЗИВНИ ГОСТИ се танчерите од Танцовата школа ЕЛМАЈЕР од Австрија.

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top