skip to Main Content

Брак и принова по 5 години врска: Милица Тодоровиќ се мажи (ФОТО)

Брак и принова по 5 години врска: Милица Тодоровиќ се мажи (ФОТО)
  • 12.01.2019

Наскоро пред олтарот.

Милица Тодоровиќ и Милош Пауновиќ уживаат во хармонична и стабилна врска со години, но како што пејачката открива се почесто разговараат за семејството и децата.

„Да ви ја кажам вистината, во последно време, Милош и јас зборуваме за брак и деца. Веќе сме пет години заедно, па да видиме каде сме. Ние одлучивме да почекаме уште малку. Наскоро ќе следува свадба и принова“, открива Милица за српскиот магазин „Ало!“ и додава дека тоа може да се случи и оваа година.

Милица божиќните празници ги помина во Белград со својот партнер, додека во родното место Крушевац последен пат беше за Свети Никола. Таа тврди дека од најблиските не трпи притисок кога станува збор за брак и деца.

„Родителите не ме прашуваат кога ќе биде свадбата и децата. Никогаш тоа не ме ни прашале. Јас веќе долго време не живеам со нив, имам мојот живот во кој тие не се мешаат. Што се однесува до Милош, со него имаат прекрасен однос“, вели таа.

 

Back To Top