skip to Main Content

Блеска од среќа: Кристина Арнаудова со нов видео запис (ФОТО)

Блеска од среќа: Кристина Арнаудова со нов видео запис (ФОТО)
  • 11.09.2018

Македонската пејачка Кристина Арнаудова, која во последно време, како претседетел на здружението „Проект Среќа“, беше ангажирана со многу активности ова лето, конечно по една година од последната објавена песна насловена како „Љубена“ подготвува новина на македонската сцена.

Имено, Арнаудова на својот Инстаграм профил сподели фотографија од сетот на снимањето на новиот видео запис.

„Пат се отвора кон светла иднина“, напиша Кристина.

Имено, пред една недела пејачката сподели фотографија со Бени – Нон стоп и гитаристот Боби што на некој начин ја оставаат јавноста во двоумење дали снимањето на видео записот на Кристина се поврзува со оваа соработка. Останува да видиме.

Се дотогаш уживајте во последното музичко дело на Кристина Арнаудова:

 

Back To Top