skip to Main Content

Бившата на Кајмаковски – Кристина, „уловена“ со мистериозен фраер

Бившата на Кајмаковски – Кристина, „уловена“ со мистериозен фраер
  • 17.09.2019

Пред бракот со македонскиот победник на „Х-фактор“ таа беше речиси анонимна… исто како и тој пред учеството во големото регионално талент шоу.

На Даниел Кајмакоски победата во шоуто му направи кариера, а неа, на неговата сега веќе бивша сопруга Кристина, бракот, па разводот со пејачот е на прагот да и ја донесе славата.

Низ кулоарите се шушка дека и таа подготвува кариера како модел, па дека и ќе се проба во пејачките води.

Но она што е новина на нејзиниот инстаграм профил е убавата фотографија – самото тоа ништо не би ни значело освен машките „да исплакнат очи“….  се до моментот кога ќе се „зумне“ сликата и во наочарите ќе се забележи машки лик.

1тв.мк се обиде да истражи кој е мистериозниот дечко со кого дел од слободното време поминува Кристина. Дознавме дека фотографијата е направена некаде помеѓу Скопје и Тетово, а дечкото е менаџер во кафе барот за кого цел град збори – Insta cafe. И не би биле тоа што сме доколку не стапивме во контакт со master mind на кафиќот Марио.

Газдата ни потврди дека се работи за Синиша Китановски, вработен како менаџер во неговиот бар.

Епа Синиша секоја чест и со среќа.

Back To Top